Португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо е победник на 18. издание на „Голден фут“, победувајќи ги во трката Лионел Меси, Роберт Левандовски и Мохамед Салах.

Во изборот учетвуваа 10 фудбалери меѓу кои беа уште Нејмар, Џорџо Кјелини, Серхио Рамос, Серхио Агуеро, Жерар Пике, Артуро Видал…

Наградата се доделува на активни фудбалери кои имаат повеќе од 28 години и кои оставиле трага со своите спортски достигнувања и можат да ја освојат само еднаш.

Роналдо ќе добие ѕвезда и ќе стави свој отисок од ногата на шампионската патека во Монте Карло.