Струга вечерва дојде до голема победа над Голден Арт КЛ7 во меч кој за нив значи атак на место во плеј-офот од домашното првенство. На мечот во Скопје, гостите дојдоа против расположен тим, кој имаше одлична серија, но вечерва не успеа да најде решение за расположените стружани, кои на крајот славеа со 28:23.

Предводени од Рајатовски со 8 и Лакичевиќ со 6 гола, стружани и се израдуваа на петтата победа во групата „А“ со која го минаа вечерашниот ривал на 3. место на табелата.