Атлетико Мадрид со голот на Жоао Феликс долго водеше против Баерн од 1:0 но во финишот на натпреварот прими гол од пенал и освои само бод па така во наредното коло ќе го бара својот билет за во осминафиналето на Лигата на шампионите. „Баварците“ уште претходното коло го направија тоа, па можеа вечерва да си дозволат и опуштање на „Метрополитано“ во Мадрид. Сепак, ја продолжија серијата без пораз, а голот за реми со постигна Томас Милер.

Со тоа Баерн ја прекина победничката низа во ЛШ. Тие останаа со 15 победи по ред вклучувајќи ги и натпреварите од минатата сезона.

Во оваа група А, Баерн има 13 бода, Атлетико 6, Салцбург 4, Локомотив 3.

 

А Ливерпул отиде во следната фаза по триумфот над Ајакс со 1:0. Голот вреден прво место на табелата го постигна младиот играч за врска Кертис Џонс во 58. минута на асистенција на Неко Вилијамс. Двајцата тинејџери се од академијата на Ливерпул, а Јирген Клоп им даде шанса да настапат на овој важен меч од ЛШ. Тие ја креираа победата на „Црвените“ вечерва. Tука беше и 22-годишниот голман Керехер кој со неколку убави интервенции не му дозволи на Ајакс да изедначи.

Во оваа група Ливерпул е прв со 12 бода по пет кола, Аталанта е втора со 8 по ремито со Митјиланд (1:1), а Ајакс е трет со седум бода.

 

РЕЗУЛТАТИ, 5.КОЛО

АТАЛАНТА-МИТЈИЛАНД            1:1

АТЛЕТИКО – БАЕРН        1:1

БОРУСИЈА М. – ИНТЕР  2:3

ЛИВЕРПУЛ – АЈАКС         1:0

МАРСЕЈ – ОЛИМПИЈАКОС          2:1

ПОРТО – МАН.СИТИ      0:0

ПРЕТХОДНО ИГРАА

ЛОКОМОТИВ – САЛЦБУРГ          1:3

ШАХТЈОР – РЕАЛ М.       2:0