УЕФА денеска и официјално го отвори гласањето на својата официјална веб-страница за да го одреди тимот на годината. На списокот на кандидати да се најдат меѓу „Идеалните 11“ се вкупно 50 фудбалери.

Меѓу голманите номинации добија Алисон Бекер (Ливерпул), Ентони Лопес (Лион), Кејлор Навас (ПСЖ), Мануел Нојер (Баерн) и Јан Облак (Атлетико).

Меѓу дефанзивците за тимот на годината на УЕФА се натпреваруваат: Давид Алаба, Алфонсо Дејвис, Џошуа Кимих (сите од Баерн Минхен), Трент Александар-Арнолд, Ендру Робертсон, Вирџил ван Дајк (Ливерпул), Анхелињо, Упамекано (РБ Лајпциг), Хуан Бернат, Пресенел Кимпембе (ПСЖ), Матијас де Лигт (Јувентус), Стефан де Врај (Интер), Ханс Хатебур (Аталанта), Серхио Рамос (Реал Мадрид) и Тиаго Силва ( Челзи).

Во листата на номонирани од средината се најдоа: Тиаго Алкантара, Џордан Хендерсон (Ливерпул), Усем Ауар (Лион), Евер Банега (Ал Шабаб), Николо Барела (Интер), Кингсли Коман, Леон Горецка, Томас Милер (Баерн), Кевин Де Бруине (Манчестер Сити), Бруно Фернандеш (Манчестер Јунајтед), Алехандро Гомез, Јосип Иличиќ (Аталанта), Каи Хаверц (Челзи), Маркињос (ПСЖ), Марсел Сабицер (РБ Лајпциг), додека листата на номинирани напаѓачи ја сочинуваат: Ерлинг Халанд (Борусија Дортмунд), Анхел Ди Марија, Килијан Мбапе, Нејмар (ПСЖ), Жоао Феликс (Атлетико), Серж Гнабри, Роберт Левандовски (Баерн Минхен), Чиро Имобиле (Лацио), Хари Кејн (Тотенхем), Ромелу Лукаку (Интер), Садио Мане, Мохамед Салах (Ливерпул), Лионел Меси (Барселона), Кристијано Роналдо (Јувентус)и Рахим Стерлинг (Манчестер Сити).