Украинскиот шампион Шахтјор повторно го изненади Реал Мадрид во групата Б во Лигата на шампионите. Вечерва во 5. коло го победи Реал Мадрид со 2:0 на свој терен. Да потсетиме дека во 1. коло Украинците победија во Мадрид со 3:2.

Украинците имаат седум бодови исто колку и Реал и се вратија во игра за осминафиналето на едно коло пред крајот.

„Кралевите“ диктираа темпо на мечот, но во 57. минута погрешија дефанзивците на Реал, Варан не се снајде најдобро па Дентињо натрча и погоди. Уште не соземени од шокот „кралевите“ беа уште еднаш матирани. Овојпат Соломон ја затресе мрежата од околу 15-тина метри.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Во другиот меч од раниот термин Салцбург со 3:1 го победи Локомотив во Москва и го зазеде третото место на табелата. Руската екипа падна на последната позиција.