Борец – Струга Трим Љум 2:1 (0:0)

Гратски стадион во Велес

Без гледачи

Главен судија: Марјан Младеновски Помошници: Даниел ВАсилевски, Филип Ицковски (сите од Скопје)

Стрели: Прелчец 74‘ Трајков 87‘ (Б) Јахја 51‘ (СТЉ)

Играч на натпревар: Марјан Ристовски (Б)

Ж.картони: Ристовски, Стојчевски, Ристовски, Десниќ (Б) Шеји, Јахја, Алтипармаковски (СТЉ)

Ц.картон: Шабани (СТЉ)

Борец: Ѓоргиевски, Ристовски, Стојчевски, Трајановски (Чичевски 58‘), Коцев (Трајков 82‘), Прелчец, Силва (Пеев 46‘), Ристески, Радович (Ефтимов 88‘), Станковски (Десниќ 58‘)

Стрига Т.Љ.: Ѓуриќ, Цаке, Јахја, Таири (Салиу 88‘), Шабани, Рамадани (Алтипармаковски 87‘), Касами, миленковски (Шеји 72‘), Шабани, Мециновиќ, Скендери (Лена 56‘)

 

Тимот на Борец им се врати на победите на домашен терен откако денеска го совлада со конечни 2:1, тимот на Струга Трим Љум.

По поразот од Вардар дома, овој тирумф беше речиси императив и затоа е уште поважен кога станува збор за оваа сезона за Велешани. Одигра борбено фајтерски и не паднаа што се вели дури и кога губеа со 0:1. Јахја им донесе водство н гостите во 51. минута, но со оглед на фактот што гостите уште од првиот дел беа со играч помалку, тотално се повлекоа, па Борец имаше каде да игра да комбинира и да создава шанси. Вчера убедливо најдобриот играч на теренот Марјан Ристовски испрати одличен центаршут, еден од многуте на овиој меч за Пеев кој спушта на петерецот за Прелчец. Капитенот на Борец фаќа волеј на прва со десна и погодува во агол. Имаше уште доста време да се игра и шанса да се дојде до комплетен триумф. Ситуацијата од 87. минута беше оценета како пенал, одговорноста ја презема нововлезениот Трајче Трајков и погоди за конечни 2:1.

Овој меч изобикуваше со интензитето набој прекини но и шанси. Првата ја имаше токму Марјан Рисвоски но Ѓуриќ одлично одбрани. И во второто полувреме Ѓуриќ се истакна со одличната интервенција при ударот на Прелчец, а во налетот на домашните кога „бркаа“ негатива во шанса се најдоа и Коцев и Десниќ  но не реализираа. Можеби и Струга Трум Љум ќе си заминеше со бодови од овој меч ако Нијаз Лена не промашеше зицер ситуација на 0:1, во која Ѓоргиевски одлично интервенираше.