Требаше да биде дерби во Лигата на Шампионите, но сепак Веспрем со преубедливи 41:33 успеа да го победи Кил. Тоа беше одличен настап на Унгарскиот тим посебно во вториот дел. Брилјантен беше Ненадиќ со 10 голови, Нилсон и Борозан постигнаа по седум. Кил беше на моменти очаен, Сагосен ретко го имаше да покаже што знае. Екберг со седум голови беше најдобар кај гостите од Германија, додека Дувњак забележа еден гол помалку.

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков беше во записникот, но не влезе на паркетот, немаше минутажа.

Во вториот меч од оваа Б група, Барселона на гости успеа да го победи Алборг со 35:32, со што и натаму е со максимален учинок, осум меча и исто толку победи.