Иако деновиве Јоаким Лев доби доверба од германската федерација да ги води „панцирите“ до 2022 година, до СП во Катар, се чини дека уште отсега се знае наследникот на неговото место. Имено како што денеска шпекулира “БИЛД“, желбата на спортската јавноста и желбата на германската федерација е во 2024 година, кога се одржува кај нив ЕВРО 2024, репрезентацијата да ја води Јирген Клоп. А за тоа некои коцки се поклопуваат. Имено на екс стратегот на Мајнц и Борусија Дортмунд, договорот со Ливерпул, тој новиот, му истекува во сезоната 2023/2024. Токму навреме.

А познато е дека во неколку наврати Клоп истакна дека нема намера, поради презаситеност, да остане на „Енфилд“ после мај 2024 година.