Што ли нема во овој луд фудбалски свет. Имено уругвајскиот голман Себастија Соса, член на Индепендиенте, се најде во центарот на вниманието и тоа поради својата тетоважа на главата.

Соса на задниот дел од главата тетовирал лав, тоа го објави на Инстаграм со објаснување зошто тоа го направил.

Пред неколку месеци почнаа проблемите со косата, која почна да ми паѓа. Докторите сметаат дека тоа е поради короната, затоа се решив да се избричам на нула. Подоцна ми дојде идеја за оваа тетоважа, тоа и го направив. Отсекогаш сакав лавови, затоа и се одлучив на таков потег. Сега почнаа да ме нарекуваат Хитмен, искрено не ми пречи“ образложи Соса.