Конечно победа, конечни три бода и конечно малку насмевки во таборот на Работнички, и тоа кога беше најпотребно. Совладан е Пелистер, освоени се три бода, тоа е најважно за момците на стратегот Ратко Достаниќ.Се друго е неважно, барем во овој момент. Работнички може, секако и мора подобро. Пелистер пак и натаму е во шок. Ниту новиот ВД тренер Димитар Капинковски не успеа малку да го “крене“ тимот, барем да освои бод.