Во вистинско гол-шоу со седум погодоци, фудбалерите на Лајпциг дојдоа до победа од 4:3 на гостувањето кај Истанбул Б. и останаа во трка за место во нокаут-фазата во ЛШ. Германците имаа двапати предност од два гола разлика, Истанбул се врати за израмнување од 3:3 преку фантастичниот Ирфан Кавечи кој мечот го заврши со хет-трик, но со голот на Сорлот во втората минута од сидиското продолжение гостите сепак победија.

Со голот на Поулсен во 26. минута, Лајпциг поведе со 1:0, а до пред крајот на првото полувреме успеа да дојде и до двојна предност, откако Мукиеле успеа да погоди за 2:0. Сепак, во трите минути судиско надополнување, Турците успеаја да намалат со голот на Кавечи и на пауза да заминат со негатива од 2:1.

Во вториот дел Истанбул притисна, но Лајпциг прв искористи шанса за гол. Овој пат во 66. минута Дани Олмо погоди за 3:1. Кавечи не се откажа и повторно беше прецизен во 72. минута за да намали на 2:3. Притисокот кон гостинскиот гол порасна, а неверојатниот Кавечи со гол од слободен удар во 85. минута успеа да израмни на 3:3 и да го постигне својот прв хет-трик во ЛШ.

Сепак, упорните Германци во продолжението погодија и четвртипат, овој пат преку Сорлот и дојдоа до конечни 4:3.

ИСТАНБУЛ Б. – ЛАЈПЦИГ 3:4 »

 

На дуелот во Русија еден гол беше пресуден. Краснодар дојде до победа која веројатно значи и место во Лигата на Европа на пролет, откако Маркус Берг погоди во 71. минута за водсто од 1:0.

КРАСНОДАР – РЕН 1:0 »