Највозбудливиот дуел од вечерашната понуда на 5. коло во ЛШ на „Олд Трафорд“ по првите 45 минути донесе два гола и голема жестока пресметка на лутите ривали, Манчестер Ј. и ПСЖ.  По само 6 минути игра, ПСЖ успеа да го отвори резултатот. Нејмар погоди за водство на гостите и најави возбудлив тек на ова прво полувреме. Манчестер Ј. бараше начин како да израмни, па со помош на среќата во 32. минута, по шутот на Рашфорд топката доби поинаков тек и го измами Навас за 1:1.

МАНЧЕСТЕР Ј. – ПСЖ

 

Борусија (Д) без Халанд успеа кон финишот на првиот дел да дојде во водство против Лацио со голот на Гвереро, а водство има и Бриж против Зенит од 1:0. Со голот на Жиру Челзи е во предност на гостувањето кај Севиља.

БОРУСИЈА (Д) – ЛАЦИО

 

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – 5. КОЛО

ГРУПА „Е“

Краснодар – Рен 1:0

Севиља – Челзи (0:1)

ГРУПА „Ф“

Борусија (Д) – Лацио (1:0)

Бриж – Зенит (1:0)

ГРУПА „Г“

Јувентус – Динамо (К) (1:0)

Ференцварош – Барселона (0:3)

ГРУПА „Х“

Истанбул Б. – Лајпциг 3:4

Манчестер Ј. – ПСЖ (1:1)