ПСЖ се избори за голема победа на гостувањето кај Манчестер Ј. од 3:1 и ја направи драматично возбудлива разврската во групата „Х“ во Лигата на шампионите. По триумфот на „Олд Трафорд“ ПСЖ се израмни со Манчестер Ј. и Лајпциг со по 9 освоени бода по пет кола и сега во последната рунда двата дуели ќе решаваат кои два тима ќе обезбедат пласман во нокаут-фазата. Нејмар погоди двапати за парижани, а водство за 2:1 обезбеди Маркињос, додека за Манчестер Ј. прецизно стрелаше Рашфорд.

Во групата „Ф“ Борусија (Д) обезбеди реми со Лацио и остана на првото место во групата. На „Сигнал Идуна Парк“ мечот заврши со 1:1, па по победата на Бриж над Зенит од 3:0 сега и Белгијците во последното коло ќе бараат сензација за место во следната фаза.

Импресиван настап имаше Французинот Оливие Жиру вод ресот на Челзи. Тој ги постигна сите четири гола за „сините“ од Лондон во големата победа кај Севиља во битката за првото место во групата.

Барселона го реши мечот со Ференцварош вос амо едно полувреме. СО трите гола во првиот дел Каталонците ставија точна на неизвесноста и не им дозволија на домашните ниту да се обидат да сторат изненадување.

Јувентус исто така беше убедлив. Дома против Динамо (К) момците на Пирло славеа со убедливи 3:0.

СЕВИЉА – ЧЕЛЗИ »

 

БОРУСИЈА (Д) – ЛАЦИО »

 

БРИЖ – ЗЕНИТ »

 

ЈУВЕНТУС – ДИНАМО (К) »

 

ФЕРЕНЦВАРОШ – БАРСЕЛОНА »

 

МАНЧЕСТЕР Ј. – ПСЖ»

 

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – 5. КОЛО

ГРУПА „Е“

Краснодар – Рен 1:0

Севиља – Челзи 0:4

Standings provided by SofaScore LiveScore

ГРУПА „Ф“

Борусија (Д) – Лацио 1:1

Бриж – Зенит 3:0

Standings provided by SofaScore LiveScore

ГРУПА „Г“

Јувентус – Динамо (К) 3:0

Ференцварош – Барселона 0:3

Standings provided by SofaScore LiveScore

ГРУПА „Х“

Истанбул Б. – Лајпциг 3:4

Манчестер Ј. – ПСЖ 1:3

Standings provided by SofaScore LiveScore