Академија Пандев попладневи на свој терен во Струмица, во меч од 14.коло во ПМФЛ загуби од Ренова со 0:1. По мечот тие реагираа и се огласија со официјално соопштение кое ви ги пренесуваме во целост.

„Пораз од 0-1 против екипата на Ренова. Против еден противник можеби и ќе се боревме, но не бевме моќни и против судијата Стојанче Трпчевски кој денеска беше дојден/пратен во Струмица со цел да и наштети на Академија Пандев. Не бараме алиби за слабите резултати оваа сезона, но се доведуваме во ситуација да размислиме дали милионските вложувања на нашиот сопственик во македонскиот фудбал се правилна оклука. За македонскиот фудбал да оди напред, мора работите да се менуваат од корен“, се вели во соопштението на Академија Пандев.