Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, се опорави од коронавирусот и ќе се врати на клупата на италијанскиот клуб на натпреварот од Лигата на Европа против Селтик.

Милан објави дека тестот на Пиоли и неговиот асистент Џакомо Мурели се негативни. Пиоли е во самоизолација од 14 ноември, кога доби позитивен тест. Отсуството на Пиоли немаше големо влијание врз одличните резултати на Милан. Тие ги совладаа Наполи и Фиорентина во италијанскиот шампионат и се на врвот на табелата во Серија А.

Тие исто така одиграа нерешено против Лил во Лигата на Европа, каде имаат добри шанси да обезбедат место меѓу 32-те најдобри клубови.