Што е ова? Познато е дека фудбалерите во последно време на социјалните мрежи сакаат да се пофалат со своето набилдано тело. Еден од тие е и Серхио Рамос, легендарниот капитен на Реал Мадрид и репрезентацијата на Шпанија. Тој постојано е во теретана, и е горд на тоа што го поседува.

Па така Рамос во еден коментар, се разбира упатен до Ирецот, го предизвика на битка, на тепачка ако сакате.

Јас сум подготвен, каде и да сакаш, кога и да сакаш“ порача Шпанецот.

Не требаше да чека многу за да добие одговор од Конор…

Биди спремен, мој брате Серхио. Имаме голема битка пред нас“ напиша Конор.

Јасно е дека Рамос може да се пофали со своето тело, ама веројатно претерува кога го предизвикува Конор. Речиси да нема никакви шанси против еден од најдобрите борци во историјата во УФЦ.