Манчестер Сити ќе го продолжи договорот со најдобриот играчот од средниот ред, Кевин Де Бруине. Според информацијата на новинарот Фабрицио Романо, „граѓаните“ ги договориле условите за новиот договор со 29-годишниот Белгиец.

Според новата соработка, Белгиецот ќе остане во дресот на Сити до јуни 2023 година.

Сити денеска објави дека е постигнат договор со 17-годишниот напаѓач на Естудијантес, Дарио Сармиенто. Висината на зделката е 9 милиони евра, имајќи ги предвид бонусите, а аргентинскиот клуб може да добие и до 19 милиони евра во зависност од развојот на фудбалерот.