Шведското обвинителство денеска покрена тужба против четири лица од кои двајца фудбалери за местење натпревари.

Меѓу обвинетите е играч на шведски прволигаш, и еден играч од пониските лиги.

Фудбалерот од член на елитната дивизија е обвинет за намерно добивање жолт картон во мај 2019 година во замена за 30.000 евра, додека играч од пониската лига примил мито шестпати меѓу април и август 2019 година.

„Набргу по натпреварот, играчот добил поголема сума пари од луѓето што се обложувале на мечот“, изјави истражителот Штафан Едлунд од Националната единица за борба против корупцијата за шведскиот дневен весник „Сидсвенскан“.

Играчите се обвинети за „пасивно мито“ и „кршење на законот за коцкање“ и им се заканува казна затвор од две години.