Хари Кејн е повреден и ќе го пропушти утрешниот натпревар на Тотенхем против ЛАСК во Лигата на Европа. Денес напаѓачот не тренираше со тимот. Менаџерот на лондончани, Жозе Мурињо, потврди дека е повредата е посериозна и не знае дали Кејн ќе може да се појави во тимот за неделното дерби со Арсенал.

Ерик Ламела исто така е повреден, како и Винисиус и Серхио Регулон. Последните двајца имаат шанса да бидат подготвени за натпреварот со Арсенал, но последниот збор ќе го кажат лекарите.  Тоби Алдерваирелд продолжи со тренинзите и исто така може да биде во тимот за лондонското дерби.