Ренова попладнево во Струмица со голот на Шефити успеа да победи со 1:0 на теренот на Академија Пандев, и со тоа да освои големи три бода. Сега се чини дека полесно се дише во таборот на “гипсарите“.

Со Ќатип Османи освоени се шест бода на две средби…

Па, да. Мораме да бидеме задоволни. Два меча, две победи и шест бода. Попладне и ние и А. Пандев одигравме добар натпревар, борбен, но многу психолошки тежок. И двете екипи ја посакуваа победа, но ете, ние како да бевме посреќни и заслужено победивме. Оваа победа нека биде потстрек за уште подобри настапи на нашата екипа во иднина“ изјави за СПОРМЕДИА стратегот на “гипсарите“ Ќатип Османи.