НБА шампионот ЛА Лејкерси ќе ја има честа да ја отвори новата сезона откако лигата синоќа го објави првото парче од календарот на натпревари за новата сезона. Имено, лејкерси ќе се сретнат со градскиот ривал Клиперс на 22 декември на отворањето на сезоната, само 10 недели откако во шест натпревари го совладаа Мајами Хит за 17-тиот шампионски прстен во историјата.

Вториот меч на отворањето ќе биде меѓу Голден Стејт и Бруклин Нетс, каде својот кам-бек по една сезона пауза ќе го има Кевин Дурент и тоа во арената „Барклис Центар“, каде навивачите на Нетс со нетрпение го очекуваа неговиот прв меч за тимот.