Англиската Премиер лига ќе воведе нови правила во врска со ангажманот на  младите играчи.

Поради повлекувањето на Велика Британија од Европската унија од 1 јануари 2021 година, англиските клубови повеќе нема да можат да трансферираат играчи на возраст под 18 години кои доаѓаат од странство.

Исто така, ќе мора да се воведат ограничувања на потписите на фудбалери на возраст под 21 година, не повеќе од 3 играчи во секој преоден рок, додека сите странци мора да имаат одреден број бодови за да имаат право да добијат работна дозвола за Велика Британија.

Овие бодови се добиваат врз основа на бројот на одиграни натпревари за репрезентацијата, како и позицијата на националниот тим на рангирањето на ФИФА листата. Деталите ќе бидат познати наскоро, но ќе направат бројни проблеми кај најголемите тимови кои имаат добри скаут мрежи за ангажман на млади фудбалери.