Бугарскиот тренер Ивајло Петев, е најблиску да ја превзеде селекцијата на БИХ, чија клупа остана празна после оставката на Душан Бајевиќ по неуспехот репрезентацијата да се пласира на Европско првенство.

Петев во минатото беше селектор на Бугарија (играше и против Македонија), а беше и тренер на Лудогорец, кратко се задржа и во Динамо Загреб, потоа беше на Кипар, а му беше тренер на Дејан Илиев во полска Јагиелонија.

Петев инаку ќе остане запаметен кога беше промовиран во тренер на Левски, и кога навивачите упаднаа на неговата промоција, со што му порачаа да ја соблече тренерката, и практично го избркаа од клупата. Следниот ден тој поднесе оставка.

Јавноста во БИХ е поделена, и сметаат дека решение треба да се бара од дома, а не од надвор.