Барселона отиде во Каунас по тешкиот и неочекуван пораз од Асвел, а потоа и од Валенсија, па мораше да одговори со добар резултат. Тој стигна вечерва, „каталонците“ триумфираа на гостувањето кај Жалгирис во 11. коло на Евролигата. Патот до победата од 73:62 Барса го завери во финишот на мечот и покажа дека засега е далеку над „Зелената шума“.

Кај Барса Дејвис го заврши мечот со 16 поени, а Кјурик додаде 15. Жалгирис имаше тројца двоцифрени. Јокубаитис со 15, Хејс и Ловерњ со по 10.

А Басконија го совлада Ефес во Истанбул со 77:59. Турскиот тим беше подобар во првата четвртина, но натаму темпото го диктираше Басконија која го реши мечот во третиот период кога направи убава разлика.

Тоа е шеста победа на Басконија сезонава во Евролигата.

Вечерва играат Баерн-Химки и Реал Мадрид-Лион.

Standings provided by SofaScore LiveScore