Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, најави дека Новото светско клупско првенство ќе биде најубавото првенство. Тој истакна дека и оваа година требало да претрпи измени, но поради пандемијата со Ковид-19, промените се одложени за 2022 година.

„Планиравме да го прошириме Светското клупско првенство на 24 екипи, но пандемијата со коронавирус одложи за следната година“, рече Инфантино.

Светското клупско првенство во 2020 не се одржа, и истото е одложено за февруари во Катар.

Во 2021 година е планирано да се одигра во Јапонија со шест или седум тима.

Но, првиот човек на ФИФА најави промени во ова натпреварување, кое би се одржало во Кина. Веројатно тоа би било во 2022 година.

„Тоа ќе биде во Кина. Уште ги немаме одредено датумите, но ќе биде најубавото натпреварување“, рече Инфантино.