Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ најави жестока казна за оној кој ги открива тајните од соблекувалната на новинарите.

Во неговиот тим постои „крт“, а новинарите секогаш знаат што се случува на тренинзите. Србинот истакна дека ќе се обиде да го открие.

„Пробав нова формација и тактички замисли за да откријам кој е тој е**н лик кој се открива на новнарите. Намерно го направив тоа, затоа што никој не очекуваше и сега водам истрага. Се колнам, кога ќе го откријам, ќе го набијам на ѕид и ќе се погрижам да не игра повеќе“, рече Михајловиќ.