Стадионот „Сан Паоло“ во Наполи, од денеска е преименуван и ќе се вика „Диего Армандо Марадона“.

Вакво сценарио се најавуваше веднаш по смртта на аргентинската легенда, а сега стана и официјално.

Стадионот е изграден во 1959 година, и беше трет по големина во Италија по Милано и Рим. На него се играа натпревари од СП 1990 година.