Светската шампионка на 800 метри од Пекинг 2015. Белорусинката Марина Арзамасова е суспендирана на четири години поради допинг. Арзамасова е казнета од Агенцијата за заштита на интегритетот на атлетиката (AIU).

На Белорусинката во јули минатата година и било утврдено присуство на супстанцијата лигандрол во крвта, која се користи за раст на мускулите и се наоѓа на списокот на забранети супстанции на Светската антидопинг агенција.

Арзамосова освен титулата во Пекинг, година дена претходно стана и европска шампионка на 800 метри во Цирих.