Вториот ден од женското ракометно Европското првенство донесе изненадување откако хрватската репрезентација ја совлада Унгарија со 24:22. Некаде до 20. минута Унгарките имаа водство, а потоа Хрватките го преземаа работите во свои раце и направија пресврт и ги принудија ривалките да капитулираат. Камила Мицијевиќ со четири гола беше најефикасна кај Хрватска, а Катрин Клујбер со девет гола беше најпрецизна кај Унгарија и воопшто на мечот.

А Црногорките не успеаа да откинат бод против фаворизираната Франција. Французинките победија со 24:23 со подобра игра во финишот на мечот. Кај Франција најефикасни беа Кујате, Ниаката и Валентини со по три гола, а кај Црногорките се истакнаа Јованка Радичевиќ и Мајда Мехмедовиќ со по пет гола.

А Данска без проблем ја оправда фаворитската улога против Словенија. Домаќинките на ЕП победија со 30:23. Педерсен со шест гола беше најефикасна кај Данска, а кај Словенките со по пет гола се истакнаа Лазовиќ и Љепоја.