Јуниор К.В му се одмазди на Голден Арт КЛ7 за поразот сезонава и тоа на убедлив начин, на домашен терен славеше со 35-25.

Со овој пораз избраниците на Андон Бошковски останаа без шанса за пласман во плеј-офот, до крајот на Супер лигата им преостана еден меч, па речиси немаат шанси да дојдат до третата позиција која и припаѓа на Струга.

Домашниот тим го имаше мечот во свои раце уште во првото полувреме, имаше водство од 16-10. До крајот без проблем чекореше кон триумфот.

Стојановски, Бајрактаревиќ и Трајчевски со по 7 гола беа најефикасни кај домаќинот, додека на другата страна Стојков имаше пет гола.