Челзи го доби вечерното дерби од 11. коло на Премиер лигата откако пред своја публика го совлада Лидс Ј. на нашиот Алиоски со 3:1. Алиоски одигра 69. минути во Лондон, а неговиот тим иако водеше, на крајот мораше да се помири со пораз.

Лидс одлично го почна мечот и со голот на Бамфорд во 4. минута успеа да го шокира денеска делумно пополнетиот „Стемфорд Бриџ“. Челзи имаше комплетна иницијатива и по неколкуте 100% шанси кои не успеа да ги реализира, Оливие Жиру се најде како „спасител“ за „сините“ и во 27. минута погоди за израмнување на 1:1.

Притисокот на домашните продолжи и во вториот дел. По неколку нови промашени идеални шанси кои ги имаше Германецот Вернер, конечно, Зума во 61. минута по одлично изведен корнер ја смести топката во голот на Лидс за пресврт и водство од 2:1.

Во завршницата следуваше и третиот погодок за домашните, дело на Пулишиќ кој ја потврди победата и искачувањето на Челзи на врвот на табелата.

За одбележување се трите 100% шанси кои не успеа да ги реализира Тимо Вернер, кој денеска повторно се покажа во очајна голгетерска форма.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore