Проблем за женската ракометна репрезентација на Србија на првиот дуел на Европското првенство.

Во 28. минута се повреди Андреа Лекиќ. Екс-вардарката со носилки беше изнесена од терен, највероватно станува збор за повреда на Ахиловата тетива. Лекиќ со солзи во очите ја напушти салата и веднаш е префрлена во болница на прегледи.

Србија по првото полувреме со Холандија имаше негатива од 15-9. Лекиќ до повредата беше стрелец на два гола.