Ненад Димитријевиќ по долга пауза поради Ковид-19 се врати на терените. Неговиот Хувентуд на домашен терен ја совлада Сарагоса со 85-85 за осми триумф сезонава кој го остави на шестото место на табелата во Лига Ендеса.

Репрезентативниот плејмејкер имаше важна аситенција пред самиот финиш за водство од 83-79, а потоа погоди две слободни фрлања за 85-81.

Во игра мина 19 минути за кои запиша пет поени (0/2 за три, 1/3 за два, 3/4 за еден поен) и подели четири асистенции.