Шведскиот скокач со стап Арман „Мондо“ Дуплантис е прогласен за најдобар атлетичар оваа година, додека венецуелската атлетичарка во трискок, Јулимар Рохас, е најдобра атлетичарка на годината во изборот на Светскат атлетска федерација.

Дуплантис (21), носител на сребрен медал на Светското првенство во Доха минатата година, во февруари постави светски рекорд со скок со стап прескокнувајќи 6,17 метри во Торун, Полска, а потоа истиот го подобри за еден сантиметар во Глазгов истиот месец. Швеѓанецот го постигна и највисокиот скок досега на отворено, прескокнуваји 6,15 метри во Рим и победи на сите 16 митинзи оваа година.

Јулимар Рохас (25) годинава постави јужноамерикански рекорд во трискок во сала со 15,03 метри во Мец, а потоа го сруши 16-годишниот светски рекорд во сала со 15,43 метри во Мадрид, со што стана првата Венецуелка која ја освоила титулата најдобра атлетичарка во светот.