Убедливи 3:1 за екипата на Интер во последниот вечерашен меч од 10. коло во италијанската Серија А. Момците на Антонио Конте се чини рутински ја завршија работата против Болоња, со извонредно прво полувреме во кое направија разлика од два гола, а во вториот дел иако примија гол, брзо ја вратија разликата и мирно го приведоа мечот до победа.

Ова беше шестата сезонска победа за „нероаѕурите“ со која се на минус 2 на табелата во однос на лидерот Милан. За Интер вечерва прецизно стрелаа Лукаку (16′) и Хакими (45′, 70′), додека за Болоња почесниот гол беше дело на Виљато (67′).

 

Standings provided by SofaScore LiveScore