При водство за Лидс Ј. на „Стемфорд Бриџ“ вечерва од 1:0, едно од најскапите засилувања за Челзи оваа сезона, Германецот Тимо Вернер, наместо да постигне лесен гол за израмнување, прописно се изрезили пред голот на гостите кога и од два обиди не успеа да го погоди празниот гостински гол.

Дури и ако ја оставеше оваа топка таа веројатно ќе влезеше во мрежата на Лидс Ј., но Германецот во обид да ја внесе во голот, всушност ги спаси гостите од израмнување.