И дефинитивно е јасно дека од 8 до 21 февруари ќе се одржи првиот Грен Слем во новата 2021 година. Секако дека тоа ќе биде „Австралија Опен“ во Мелбурн. Со оглед на кризата со Ковид-19, властите во таа земја наметнаа строги правила на “игра“ што се вели. И било кој од тенисерите ако ги прекрши ќе биде веднаш и автоматски дисквалификуван.

Само една грешка и толку од “Австралија Опен“.

Како прво сите тенисери мора да се појават во хотелот во два дена, на 15 и 16 јануари. Таму ќе бидат во двонеделен карантин со постојани тестови за корона. Во тој период тенисерите мора да бидат постојано во своите хотелски соби, ќе излегуваат само на тренинг и тоа по еднаш дневно. Ќе се хранат во собите и во центарот каде што ќе се тренира. За разлика од УС Опен, нема приватно сместување и не се дозволени посети на тенисерите и нивниот тим.

Во случај било кој од тенисерите да ги прекрши овие правила веднаш ќе биде отстранет од турнирот.