Норвежанецот Халвор Гранеруд триумфираше на денешниот натпревар во ски-скокови на скокалницата во Нижни Тагил, Русија.

За Гранеруд ова е втора победа од почетокот на сезоната, со која го презеде водството во генералниот пласман. Апсолутниот фаворит и лидер по првата серија, Маркус Ајзенбихлер на крајот беше тотално разочарување и остана дури на 28. место.

Германецот имаше предност од 11 поени пред Гранеруд, но во неговиот втор скок беше очаен и прелета само 80 метри. Во исто време, Норвежанецот летна 132 метри и со тоа собра 270 поени доволни за прво место. Австриецот Даниел Хубер заврши на второто место, а трет заврши Роберт Јохансон со 254,1 поени.

Во генералниот пласман по првите четири скокалници Гранеруд со 300 бода е лидер пред Ајзенбихлер со 283 и Полјакот Давид Кубачки со 144 бода.