По скоро три децении, Кадиз, конечно, успеа да слави над големата Барселона во официјален меч. Вечерва на својот стадион, Кадиз со 2:1 ги победи Каталонците и потсети на 1991 година, кога последен пат овој тим успеал да победи кај големиот ривал.

Кадиз одлично го отвори мечот. Уште во 8. минута Алваро Хименез успеа да погоди за домашните за водство од 1:0 и шок за каталонците, кои не успеаја до крајот на првото полувреме да го израмнат резултатот.

Во вториот дел по малиот притисок на Барса, домашните со автогол донесоа радост на клупата на гостите. Педро Алкала ја погоди мрежата за да им донесе израмнување на гостите во 57. минута, но Кадиз повторно запна и по само 6 минути со голот на Негредо повторно дојде во водство од 2:1.

Барселона до крајот на мечот имаше тројно повеќе шутеви кон голот на Кадиз, но мрежата на Ледесма остана нечепната.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore