Мартин Томовски и Лудвигсхафен го запишаа осмиот пораз во Бундес-лигата сезонава, на гостувањето кај Кил беа убедливо совладани со 29-19 во меч од 11. коло.

Тимот на македонскиот репрезентативен голман немаше никакви шанси, Кил уште на стартот наметна силно темпо, на одморот имаше водство од 16-7 кое до крајот не беше лесно да се одржи.

Томовски поголем дел од мечот беше на голот на Лудвигсхафен, зад своето име запиша седум интервенции.

По 11. коло, Кил е лидер на табелата, додека Лудвигсхафен со скор од две победи, реми и осум порази е на 18-та позиција.