Завршија сите попладневни мечеви од 15.коло во ПМФЛ. На Арената требаше да биде дерби, а не видовме такво нешто. Слаб Вардар, слаб Работнички и само 0:0.
Дарбо се изнадава голови во Битола, дури три, и затоа победа на Шкупи со 3:1 против Пелистер. Злато вреди овој Дарбо за чаирчани.
Многу шанси, добра игра на Ренова, бадијала. Силекс успеа да зграпчи бод под Шара.
Без победник и во Струга, каде Струга ТЛ и А. Пандев одиграа 1:1. Супер гол на Стоилов од слободен удар за “пандевци“.
И на крај Македонија ЃП премногу лесно дојде до трите бода во Струмица, славеше со Беласица со 3:1.
РЕЗУЛТАТИ
ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ 0:0
РЕНОВА – СИЛЕКС 0:0
СТРУГА ТЛ – А.ПАНДЕВ 1:1
(Ристевски (п) 57./Стоилов 71.)
ПЕЛИСТЕР – ШКУПИ 1:3
(Маневски 18./Дарбо 21., 28., 54.)
БЕЛАСИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП 1:3
(Коцев 41./Божиновски 37., Адем 53., Петров 73.)
ВЧЕРА:
БОРЕЦ – ШКЕНДИЈА 0:2
(/Ибраими (п) 25., Дориев 83.)