Футсал шампионот на Македонија, тимот на Шкупи, утре ќе го дознае следниот противник од овогодинешниот настап во квалификациите за Лигата на Шампионите.

По стартниот триумф против противникот од Велика Британија, сега на ред е нов ривал. Чаирчани може да добијат најразлични противници, од типот на Каират Алмати од Казахстан, Актобе Казахстан, Керсон Украина како и Витис Литванија.

Нашиот претставник е во шеширот заедно со грчки Аек, Хонстин Ерстал Германија, како и Витен Орша Белорусија.