Шанси на двете страни, отворен „гард“, борба, фудбал каков што можевме да посакаме играа фудбалерите на Шкупи и на Вардар, а на крајот само два гола, за по еден бод.

Имаа и Вардар и Шкупи свои прилики, не ги искористија, а потоа во 77. минута од белата точка Вардарци стигнаа до водство. „Црвено-црните“ како да добија крила, па тргнаа и по втор гол, а во тоа ги спречи пречката и стативата.

На крајот тимот од Чаир да го избегне поразот, да ја продолжи добрата серија.

Вардар можеби беше потценет и предвреме прежален, но успеа да освои бод, па дури и да жали за трите. Шкупи, пак, исто така имаше свои прилики да стигна до трите бода, при 0:0 не реализираше неколку обиди, па така се чини овој резултат можеби е најреален.