Бутел Скопје во седмиот меч сезонава го запиша шестиот триумф во групата Б и остана на второто место на табелата. Скопскиот тим на гостувањето кај Младост Богданци славеше со убедливи 18-33.

„Бутелци“ поведоа со 1-5, лесно го одржуваа водството, кое на одморот изнесуваше плус пет (8-13). За брзо време, во втроиот дел поведоа со двоцифрени 10-20, до крајот рутински ги приведоа натпреварот.

Сулима со осум гола и Божиновски со седум гола беа лидери кај гостите, на другата страна Роглев имаше пет погодоци.