Иако се свесни дека со Антонио Конте никогаш нема да дојдат до тиулата или до некој позначаен успех во Европа, иако и самите си се свесни дека се “закопаа“ со изборот на тренер во името на Конте, на првите луѓе на Интер никако не им се исплати да му врачат отказ. Имено тогаш тие ќе мораат да му платат “пенали“ од 40 милиони евра. И затоа ќе го трпат, без разлика што Интер игра очајно и во Европа и во Серија А. И без разлика што со речиси 13 милиони евра годишно е убедливо најплатениот тренер во Италија. Додека вториот најплатен зема само 2,5 милиони. Е, па сега видите каква катастрофална грешка направи Интер кога го донесе извиканиот Конте на клупата.

Факт е дека желбата на Интер е Макс Алегри, класа од тренер. Сепак засега ќе го трпи својот сегашен стратег кој не може да го победи ни еден Шахтјор и да се пласира во 1/8 финалето во Лигата на Шампионите.