За првпат по три години, меч меѓу градските ривали Манчестер Ј. и Манчестер С. заврши без победник. Неславни 0:0 на празниот „Олд Трафорд“, кој им донесоа по еден бод на двата тима, но не и конкретен напредок на табелата во Премиер лигата.

За Манчестер Ј. ова беше само второ сезонско реми, додека тимот на Пеп Гвардиола дури по четвртипат сезонава ремизира. Мечот не донесе којзнае колку атрактивен фудбал, но имаше неколку добри шанси од кои и двата тима можеа да поентираат. По прекршок врз Рашфорд на стартот на вториот дел главниот судија дури покажа и на белата точка, но поради офсајд одлуката беше преименувања, а резултатот остана непроменет.

Само три упатени удари во рамките и на двата гола се чини беа премалку за гол.

Standings provided by SofaScore LiveScore