По само 15 минути од стартот на големото мадридско дерби меѓу Реал и Атлетико, „кралевите“ го отворија резултатот по одлично изведен корнер на Тони Крос и уште подобра реализација на Каземиро со глава. Првиот дел мина во жестока битка, но забележливо беше дека Реал има тотална доминација, не дозволувајќи им на „јорганџиите“ да упатат ниту еден удар кон голот на Куртоа.