Борец – Силекс 2:0 (2:0)

Стадион во Велес

Без гледачи

Главен судија: Марјан Ецкоски (Охрид) Помошници: Гоце Петрески, Дејан Димитријевиќ (Скопје)

Стрелци: Прелчец 7‘ (п), Ристовски М. 13‘ (Б)

Ж.картони: Ертимов, Трајановски, Трајков (Б) Костовски (С)

Играч на натпревар: Марјан Ристовски (Борец)

Борец: Ѓоргиевски, Ристовски, Стојчевски, Трајановски, Коцев (Чичевски 90‘), Прелчец, Силва (Ѓоргиев 73‘), Ристовски (Ибрахимовиќ 90‘), Ефтимов, Трајков (Пеев 63‘), Ристески (Стојменовски 90‘)

Силекс: Трајковски, Благојевиќ, Грозданоски, Ивановски (Ристов 83‘), Костовски, Серафимовски, Мустафов (Жеравица 75‘), Тимовски, Нешовски (Ѓуриќ 65‘), Карчески, Тантуровски (Костовски 46‘)

Екипата на Борец стигна до нов триумф на домашен терен откако попладнево со 2:0 го совлада тимот на Силекс. Стрелци на головите за домашните се Никола Прелчец односно Марјан Ристовски уште на самиот старт на мечот, во седмата односно 13. минута, по што на домашните им беше многу полесно да стигнат до посакуваната цел. Ова е втор триумф на Борец против Силекс сезонава, ако се знае дека Велешани триумфираа и во Кратово.

Голема предност по само десетина минути

Дека мечот ќе отиде во правец каков што отиде реално не очекуваше никој денеска во Велес. Сепак, седмата минута е клучна. Марјан Ристовски шутираше од излгедна ситуација, Ангелче Тимовски на гол линијата играше со рака, спасува чист гол, но е забележан од судијата Ецковски. Нормално добива автоматски црвен картон и досуден е пенал, а сигурен реализатор капитенот Прелчец.

Само неколку минути подоцна одлична акција на Никола Ристески, кој додава за Коцев, а овој го исфрлува во шеснаесетникот на Силекс, Марјан Ристовски. Овој од прва под излезениот Трајковски пласира за 2:0.

Потоа на Силекс му беше исклучително тешко да се врати резултатски во игра со играч помалку. Згора на се, во вториот дел лесно можеше оваа предност на Борец да биде и уште поголема затоа што Ристовски, Прелчец, Ефтимов и Филип Ристовски промашија серија на ситуации за нов гол. Сепак, најбитно за Борец е што бодовите се тука, а Силекс ќе мора да се „вади“ во последното есенско коло на домашен терен против Шкендија.