По многу борба, Вардар и Македонија ЃП одиграа без победник 2:2 во одличниот натпревар на „Арената“ во Скопје. И покрај тоа што „црвено-црните“ беа блиску до победа, имаа 2:0, сепак, на крајот „лавовите“ во одлични 10 минути, и грешките на Илиќ, се спасија и стигнаа до 2:2.

Вардарци може дефинитивно да жалат, затоа што покрај двата гола, имаа уште многу шанси и на 0:0, и при 2:2 да дојдат до триумф. Сепак, на крајот ѓорчепетровци искористија невнимание во одбраната на противникот, казнија, и си заминаа со бод.

Еве како беше на мечот низ фотогалерија: