Попладнево во Тетово се одигра последниот меч од Втората лига – запад оваа есенска полусезона. Лабуништа Тетово, односно Тетекс, со 3:1 го победи тимот на Вардар Форино. Се чини дека “штофарите“ на крајот се разиграа, во целиот меч беа подобар противник. Веќе во 20 минута имаа убедливо водство од 2:0. Прво стрелаше Мирослав Јовановски во таа 9.минута, за да потоа водството го удвоји Лазар Пеев со гол за 2:0. Во 66.минута домашните поведоа и со 3:0, стрелаше прецизно Димовски, а само две минути подоцна Таири намали за конечни 3:1.

Оваа победа беше дволна за тетовските “штофари“ да побегнат од последното место на табелата во Втората лига – запад и да презимат на 8. место на табелата.

Со овој денешен натпревар и дефинитивно се стави крај на есенскиот дел во двете втори лиги.